Пронајдено лицето што вчера остави бебе на улица
17.03.2014 11:35
Од МВР информираат дека е пронајдена и мајката која пријавила дека и го нема бебето...

Полицијата го пронашла лицето што вчера во центарот на Скопје оставило седум месечно бебе на хауба од автомобил.
Од МВР информираат дека е пронајдена и мајката која пријавила дека и го нема бебето.
Детали за тоа зошто било оставено бебето и кој му ги нанел повредите, од полицијата најавуваат за подоцна. Се очекува против сите инволвирани во овој немил настан да бидат поднесени и соодветни пријави.
Петмесечното бебе е на интензивна нега на детската клиника каде што беше донесено со телесни повреди на главата, колкот и на грбот.
