Светска банка: Раст на македонската економија од 3,6 насто годинава

06.01.2021 15:08

Македонската економија годинава со раст од 3,6 насто, в година бруто домашниот производ ќе достигне 3,5 проценти. Во најновиот полугодишен извештај банкарите од Ввашингтон предупредуваат, имунизацијата на населението е клучниот момент за повторно отворање и развој на пазарите. На глобално ниво е проектиран економски раст од четири насто...

Раст на македонската економија од 3,6 насто годинава прогнозира Светската банка во најновиот извештај. Бруто домашниот производ да се позиционира на 3,5 проценти во 2022-ра.

„Среднорочниот раст и продуктивноста во Албанија и во Северна Македонија би можеле да се зголемат со забрзување на структурните реформи во подготовките за ЕУ членството со претпоставка дека преговорите околу процесот за пристапување нема да се одложат поматаму“ - стои во извештајот на банкарите од Вашингтон.

Во проекциите предвидуваат глобалната економија да порасне за четири проценти во 2021-вата , две десетини помалку од предходно проектираното. Очекуваат кај развиените земји раст од 3,4, кај економиите во развој и до 5 насто. Но, велат, изгледите остануваат многу несигурни, имунизаиција од коронавируот е клучна.

Ако работите одат добро и голем дел од популацијата практикува имунизација од Ковид- 19 , и во развиените економии работите се движат по позитивна линија, тогаш според мене прогнозата ќе биде разумно, фер до крајот на годинава. Ако пак лошите ефекти од досегашната криза продолжат да се реализираат, како што се карантитните, затворањето, потребата од дистаницирање, секако ќе имаме проблем како да ги надминеме и тогаш ќе се одрази можеме да завршиме со многу послаб раст и тој може да падне и до 1,6 проценти“, вели Ајхан Косе од тимот економисти на Светската банка.

Ќе бидат потребни глобални напори да се избегне нова криза, под притисок на пандемијата, се влошија ризиците од зголемување на долгот во земјите во развој – стои во извештајот.

Се прогнозира растот во Западниот Балкан да се забрза до 3,5 отсто во оваа година, во услови на враќање на довербата на потрошувачите и на бизнисот, како и намалување на политичката нестабилност. 2021-вата според „Глобал Економик Проспектс“ Косово ќе има најголемо придвижување на економијата до 4,9 насто, по него Албанија со 4,4, а најмал раст во регионот да достигне Србија, 3,4 насто.

Сузана Фиданска Стоевска