САД

Конгресот ја потврди победата на Бајден

07.01.2021 13:55

Џо Бајден и официјално ќе биде 46-от претседател на САД. Конгресот ја потврди победата. Не го спречија ни насилната толпа и упадот на подржувачите на Трамп, кој на својот наследник му вети - уредно предавање на функцијата на денот на неговата инаугурација…

По упадот во американскиот Конгрес, Сенатот и Претставничкиот дом ја продолжија заедничката сесија за верификување на изборните гласови. Ја потврдија победата на демократот, чијашто инаугурација треба да се случи за две недели. Актуелниот претседател Доналд Трамп и натаму тврди дека резултатот е невалиден, но најави дека предавањето на власта ќе биде спроведено на мирен начин. Откако Твитер му ја блокираше сметката поради објави кои можеле дополнително да го разгорат насилството, неговата порака беше пренесена преку корисничкиот профил на неговиот директор за социјални медиуми Ден Скавино.

„Иако воопшто не се согласувам со исходот на овие избори, а фактите се на моја страна, транзицијата на власта на 20 јануари ќе биде мирна. Иако ова претставува крај на најголемиот претседателски мандат во историјата, тоа е само почеток на нашата борба повторно да ја направиме Америка голема“, порача Трамп.

Во нередите предизвикани од неговите поддржувачи пред Конгресот загинаа четири лица. Толпата влезе во зградата и ги демолираше канцелариите на законодавците. Уапсени се педесетина лица, а има и повредени. Безбедносните тимови пронашле и две рачно изработени бомби. Властите воведоа привремен полициски час, а до 21 јануари во Вашингтон е прогласена и вонредна состојба.

Тие треба да работат за нас, а не да крадат од нас. Не смеат да ни кажат дека не сме го виделе она што сме го виделе.“

„Владата ни го направи ова. Бевме нормални, добри, го почитувавме законот, но вие ни го направивте ова. Си ја сакаме земјата назад. Сега протестираме за слободата. Во тоа е разликата.

Политичката елита во САД го осуди насилството, но и реториката на претседателот Трамп.

Хаотичните сцени од Капитол не ја претставуваат вистинската Америка. Тие не покажуваат кои сме ние. Она што го гледаме е мал број екстремисти кои спроведуваат безаконие. Зборовите на претседателот имаат значење независно од тоа дали е добар или лош во функцијата. Во најдобар случај, зборовите на претседателот може да бидат инспирација. Во најлош – може да провоцираат“, изјави Бајден.

Неколкумина членови од администрацијата на Вашингтон поднесоа оставки. Демократи бараат активирање на 25. амандман од Уставот за отповикување на претседателот од фунцијата.

И покрај срамните настани, ние ќе продолжиме да работиме како досега. Ќе бидеме дел од историја која ќе му покаже на светот што е Америка. Ова беше напад кој ја покажа слабоста на луѓето кои мораа да ја покажат својата порака преку насилство“, изајви Ненси Пелоси, претседател на Претставничкиот дом.

Демократите ја утврдија победата во Претставничкиот дом, а по пребројаните резултати за трката за Сенатот, нивниот сооднос со Републиканците е 50:50. Според американскиот устав, во ваков случај, решавачкиот глас оди во рацете на новоизбраната потпретседателка Камала Харис по преземањето на функцијата на 20 јануари.

 

Маја С. Филдишев