Пендаровски за случувањата во Вашингтон: Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата
07.01.2021 14:06
Однесувањето на поединци нема да ја сруши довербата во институциите. Сочувство и солидарност со американските граѓани, вели шефот на македонската држава за упадот во американскиот Конгрес.

За случувањата во Соединетите Американски Држави се огласи и македонскиот претседател Стево Пендаровски.
Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата. Однесувањето на поединци нема да ја сруши довербата во институциите. Сочувство и солидарност со американските граѓани, вели шефот на македонската држава за упадот во американскиот Конгрес.
