Сидорф и дел од играчите очи в очи со “ултрасите“
Тренерот Кларенс Сидорф и неколку играчи на Милан се сретнале со група лути навивачи на клубот по вчерашниот пораз од 4-2 на „Сан Сиро“, којшто беше четврти едноподруго за „росонерите“ во сите конкуренции.
Тренерот Кларенс Сидорф и неколку играчи на Милан се сретнале со група лути навивачи на клубот по вчерашниот пораз од 4-2 на „Сан Сиро“, којшто беше четврти едноподруго за „росонерите“ во сите конкуренции.
Според информациите, Марио Балотели и Кака биле меѓу играчите коишто биле дел од „делегацијата“ на Милан на средбата во просторија на стадионот. Уште претходно, околу 300 гневни фанови ги чекале фудбалерите при доаѓањето на автобусот на влезот на стадионот уште пред мечот, а потоа и оставиле празен дел од прочуената „Јужна трибина“ на Сан Сиро, протестирајќи за лошите резултати и за катастрофалните изданија на екипата.
Навивачите се лути што Милан е дури 12-ти на табелата во Серија А, а во вторникот беше елиминиран од Атлетико Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Состанокот беше многу мирен, не се случи ништо особено. По две години мака, тие сакаа да ги изразат нивните чувства“, изјави Сидорф за Скај Спорт Италија. „Секој од нив чувствува голема почит кон дресот на Милан. Некогаш помага само да ги сослушате и да им дадете можност на навивачите да се искажат, да знаат дека некој е подготвен да го чуе нивниот став“, појасни поранешниот прославен играч за врска, којшто е во неблагодарна улога на тренерската клупа, откако го наследи Масимилијано Алегри.
За лошите засилувања особено е критикуван извршниот шеф Адријано Галијани, а цел на протестите поради бледите изданија е и Марио Балотели.
„Разочаран сум и сигурно не сакам навивачите да се свртат против тимот и воопшто против дел од клубот, но ќе продолжам да се смеам. Во последната деценија Милан беше единствената италијанска екипа којашто постојано настапуваше во Европа“, рече Галијани.
