Димитров: Политички чувствителни прашања потешко се решаваат во време на предизборие

08.01.2021 10:32

Вицепремиерот Димитров, во интервју за државната агенција МИА, вели дека е време малку да одмориме од проблемот со Бугарија, и ова време да го инвестираме во средување на сопствениот двор.

Политички чувствителни прашања потешко се решаваат во време на предизборие и кампања. Вицепремиерот Димитров, во интервју за државната агенција МИА, вели дека е време малку да одмориме од проблемот со Бугарија, и ова време да го инвестираме во средување на сопствениот двор.

„Тоа не значи дека треба да ги прекинеме разговорите со Бугарија, немаме од што да бегаме, изнесовме јасни позиции и сме кристално чисти, но фокусот треба да биде дома“, вели вицепремиерот Димитров.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, сѐ уште чека одговор на македонската „Иницијатива 8“ за продлабочување на односите со Бугарија и со Албанија.