Прилепски средношколец може да биде меѓу првите вакцинирани против Ковид-19
Прилепски средношколец може да биде меѓу првите Македонци, вакцинирани против Ковид-19. Иако малолетник, Сашо Јандрески е научник. Тој пред една година го претстави својот изум „медицински безбедносен шприц“, за што во Москва освои и медал...

Младиот, сѐ уште неполнолетен научник, прилепчанецот Сашо Јандрески може да биде меѓу првите Македонци кои ќе ја примат вакцината против Ковид- 19. Наоружан со златниот медал од меѓународниот Архимедов саем на млади научници во Москва, за изумот „безбедносен медицински шприц“, го продолжи образоваието во меѓународната гимназија во Словенија. Ама ако Корона-вирусот дозволи. Очекува протокол за вакцинација.
Јандрески се најде во научниот документарен, словенечки филм како најмлад и единствен Македонец за европските медицински достигнувања во 2020 година.
Есента почна во меѓународната гимназија во Словенија со талентирани средношколци од 26 земји. Пандемијата ги забави, но не ги укина процесите. Со највисоки оцени, он-лајн, ги положи испитите и очекува да го продолжи второто полугодие.
Јандрески пред една година, пред прилепската и македонската јавност го претстави Јандреевиот шприц за безбедност кај медицинските лица. Овој период волонтираше во Прилеп за да помогне во пандемијата.
Елизабета Митреска
