Втор ден Божик- се празнува Собор на Пресвета Богородица
Втор ден Божик. Во црквите помаку верници од лани, се служеа литургии. Според протоколите верниците и свештениците носеа заштита на лицето...

Православните христијани денеска го празнуваат Собор на Пресвета Богородица, втор ден Божик. Во црквата Рождество на Пресвета Богородица се служеше златоустова литургија.
Пандемијата го промени одбележувањето на Раѓањето Христово. Годинава имаме еден поинаков Божик, но сепак не помалку радосен. Во црквите помал број на верници за разлика од минатите години. Литургиите се служеа според протоколите, верниците и свештениците носеа заштитни маски.
По големиот празник Рождество Христово, се слави Пресвета Богородица. Ова прославување уште се нарекува и Собор на мајката на господ , бидејќи на овој ден во храмовите се собираат сите верници за да прослават во нејзина чест.
Празничните денови за верниците се период на надеж и спокој. Во црковните храмови се служат молитви за здравје, за среќа и за благосостојба.
Божиќ е празникот што го сплотува семејството. Се прославува во сите храмови на Македонската православна црква во земјава и во дијаспората.
Ана Јосифоска- Тодоровска
