Евроинтеграцијата на Скопје и Тирана меѓу приоритетите на португалското претседателство
Шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва најави обид да ги организира првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија во првата половина од годината. Неуспехот на Унијата да спроведе сопствена одлука испрати негативен сигнал за регион што е географски окружен од земји- членки на ЕУ, вели вицепремиерот Димитров...

Португалија ќe се обиде да ги организира првите меѓувладини конференции со Македонија и со Албанија во првата половина од годинава, најави министерот за надворешни работи Аугусто Сантош Силва, по преземањето на претседателството со Унијата. Во онлјан брифингот со новинарите, Силва потенцира дека отворањето на пристапните преговори со Скопје и со Тирана е меѓу приоритетите на неговата земја.
„Тие ја завршија својата работа. Сега е време ние да го завршиме нашето. Преку разговори со Софија и со Скопје ќе се настојува да се надминат недоразбирањата“, посочи Силва.
Земјата ја очекува тежок и стрмен пат поради кризата на процесот на одлучување во Унијата, смета вицепремиерот Димитров. Според него не се работи само за битка за македонскиот , туку и за европскиот идентитет. Неуспехот на Унијата да ја спроведе сопствената одлука испрати негативен сигнал за еден регион што е опкружен географски од земји- членки на Европската унија, вели вицепремиерот и во оваа смисла и кредибилитетот и европската иднина, перспективата што толку често во неброени документи ја повторуваат „Балканот има европска иднина“, „Балканот има европска песпектива“, такви зборови веќе не се доволни. За балканските народи навистина да веруваат во сериозноста на Европа и на тоа што Европа го вели. Таа нема да може да си дозволи веќе таков луксуз, додава Димитров.
Димитров е убеден дека Португалија ќе биде заинтересирана да ги продолжи напорите на Германија, која останува посветена на ова прашање. Во досегашните три мандати на Португалија беа постигнати солидни успеси на Унијата. Во 1992 беше потпишан договор за ЕУ и и за европска економска област. Во 2000 беше организираниот првиот самит ЕУ-Африка, а во 2007 потпишувањето на Лисабонскиот договор со кој се реформираше системот на функционирање на ЕУ.
Фиљана Кока
