Филипче: Првите вакцини до крајот на овој месец
Првите вакцини против Ковид-19 можно е да пристигнат во земјава до крајот на овој месец- вчера ваква најава стигнала од Ковакс механизмот. Министерот за здравство Филипче вели за вакцини се преговарало преку три механизми, по 800 илјади дози се очекува од секој од нив, што ќе бидат доволни за имунизација на 60 проценти од населението...

Првите вакцини против коронавирусот во земјава можно е пристигнат до крајот на месецов- ваква најава стигна од Ковакс механизмот. Преку овој систем на Светската здравствена организација треба да се обезбедат 833 илјади дози, но колку ќе има во првата пратка засега не се знае. Според писмото на Ковакс механизмот, станува збор за вакцини од производителот „Фајзер“, а потоа треба да дојдат на „АстраЗенека“. Според министерот Филипче, земјава е подготвена да ја добие американската вакцина која се чува на температра од минус 70 степени.
Филипче вели дека земјава за вакцини преговара со три страни, Ковакс механизмот, членки на ЕУ и директно со производителите. По 800 илјади дози се очекува од секоја од нив. Тие ќе бидат доволни за имунизација на 60 проценти од населението. Предвидувањето е дека на овој начин треба да се постигне колективен имунитет.
Моменталната епидемиолошка состојба, Филипче ја оцени како стабилна. Во текот на празничните денови, забежани се мали прекршувања на безбедносните протоколи за заштита, но не се очекува зголемување на бројот на заболени со коронавирусот.
Лекот Ивермектин кој помага во лекување и превенција на Ковид-19 во земјава ќе пристигне за два недели, иако Малмед најави дека во аптеките ќе го има веднаш по Божик. Ќе се издава на рецепт во консултација со лекар и во болничкички услови.
Андријана Атанасовска
