Обвинителството треба да одлучи дали има кривично дело за роденденскиот собир на ДУИ

08.01.2021 14:45

Обвинителството треба да одлучи дали има кривично дело, а од аспект на прекршочна одговорност, сите добија казни – информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во однос на роденденскиот собир на ДУИ на кој не се носеа маски и не се држеше соодветно растојание. Казнет е и заменик министерот за внатрешни работи...

Кривична пријава од МВР за роденденскиот собир на ДУИ во чии рамки не се носеа маски и не се држеше дистанца. Сега на потег е Обвинителството, кое треба да одлучи дали има кривично дело. Од аспект на прекршочна одговорност, ресорниот министер Спасовски информира дека сите добиле казни. Во Министерството за политички исистем и односи меѓу заедниците, во чии простории се славеше, надзор и од трудовиот инспекторат. Спасовски додаде дека казнет е и неговиот заменик министер Назим Буши.

Додека власта лицемерно доставува казни од 20 евра на нивните функционери, граѓаните за еден собир на Бадникарски оган во село Орман, ќе плаќаат казни и по 2.000 евра, реагираат од ВРМО-ДПМНЕ. Од опозициската партија потсетуваат и дека Спасовски, уапси 15 лица и еден свештеник од Брвеница поради организирање на собир во црква. Од ВМРО- ДПМНЕ понудија бесплатна правна помош за сите граѓани кои изманитите денови беа, како што велат, противуставно и насилно приведени.

Функционерите на ДУИ партискиот роденден го прославија на државен имот, во зградата вредна 14 милиони евра.

 

Марија Котовска