Откупот продлжува, но и битката на тутунарите за реални цени
И по празниците, откупот на тутунот со старите проблеми и со нова најава за решавање. Тутунарите не се откажуваат од битката за реален откуп, сега на маса со надлежните владини институции и со откупувачите...

Откупот на тутунот продолжува, но и битката на тутунарите за реални цени продолжува, најавија денеска тутунарите. И Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија и од Иницијативниот одбор на тутунарите идната недела седнуваат, пак, на маса со владините институции и со откупувачите. За реален откуп, зголемена динамика, преземање на вишокот и купување не според шифри, туку по класи.
На теренот ситуацијата речиси непроменета, со иста цена од 167 денари, со мала зголемена динамика, но без осетни подобрувања.
Протестите се ставени во мирување, но се ќе зависи од договарањата и кога ќе се преземаат големите количества тутун.
За месец и половина треба да се откупат преку 19.000 тони тутун.
Елизабета Митреска
