Голем број пријави за неисплатен регрес за годишен одмор

08.01.2021 14:51

Регрес за годишен одмор за минатата година не добија голем број вработени, а голем е бројот на тие што добија намален износ. Работодавачите сметаат дека најнискиот износ на К-15 треба да се утврди според добивката од минатата година. Од „Гласен текстилец“ велат дека регресот за годишен одмор треба да се утврди во Законот за работни односи и да важи за вработените и во приватниот и во јавниот сектор...

Мора да се утврди најнискиот износ на регресот за годишен одмор, ова е заеднички став и на работодавачите и на организациите кои ги засатпуваат правата на работниците. Организацијата на работодавачи на Македонија и Сојузот на синдикати се договорија компаниите со финансиски проблеми да исплаќаат К -15 до 30 насто од бруто добивката од минатата година.

Проблемот со неисплата или симболичен К-15 се провлекува со години наназад, велат од „Гласен текстилец“. Сметаат дека решението е во негово прецизирање во новиот Закон за работни односи.

Само во „Гласен текстилец“ од почетокот на годината има над 70 пријави за неисплатен или симболичен регрес за годишен одмор за минатата година. Од Државниот инспекторат за труд очекуваат бројот на пријави да се зголеми во текот на овој месец.

 

Славица Величковска