Дожд и во наредните денови, можност за свлечишта поради зголемениот водостој

10.01.2021 16:13

Метеоролозите велат состојбата засега стабилна, но дожд се најавува и во наредните денови. Постојат можности и од свлечишта поради зголемениот водостој...

Врнежите го зголемија водостојот на повеќе реки. Високо е нивото на Радика кадешто има и излевање од коритото. Хидролозите очекуваат да растат водостоите, врнежите и натаму се најавуваат.

Од Управата за хидрометеолошки работи предупредуваат за крајно внимателно движење покрај потоците, реките и суводолиците низ земјава поради опасност од нивно излевање, но и поради свлечишта.

Изобилните врнежи предизвикаа и прекин во сообраќајот кон Маврово и кај превојот Стража. На местото беше создадена колона од возила, а од полицијата информираа дека имало одрони од камења и паднати дрвја на угорнина кон Маврово.

 

Ана Јосифоска Тодоровска