Видак: Вакцината е лекот за болеста, секој треба да ја прими

10.01.2021 16:50

Освен мала болка во рамото, немам други сиптоми- секој да ја прими вакцината, порачува нашата сонародничка Јадранка Видак- цитопатолог во британското јавно здравство. Пред една недела беше вакцинира со доза „Фајзер“. Стравот од нус појави не е присутен само кај нас...

Нашата сонародничка Јадранка Видак, цитопатолог во британското јавно здравство, пред една седмица ја прими првата доза на „Фајзер“ вакцината против Ковид- 19. Се чувствува добро и како што ни раскажа, освен мала болка во рамото немала никакви други симптоми. Нејзината порака е секој да ја прими вакцината која и во Англија е на доброволна база. И таа самата не ја донела одлуката преку ноќ, туку по истражувањето на фактите.

Јадранка не се колебала, иако е опкружена со пријатели кои немале контакт со болни и кои се најавиле дека се против имунизацијата. Можеби се во помал број, вели нашата соговорничка, но има и колеги кои сѐ уште не решиле да се вакцинираат.

Видак е веќе 30 години во Лондон, Велика Британија. Во јавното здравство е речиси две децении откако се вработила во болницата на Милосрдниот крст, една од петте кралски болници во националниот здравствен систем.

 

Фиљана Кока