Ред Бул убеден дека е во право
Екипата на Ред Бул го продолжи спорот со ФИА откако нивната прва жалба за дисквалификацијата на Рикардо беше одбиена.
Во шампионскиот тим од минатата сезона се убедени дека тие се во право и дека сензорите за мерење на протокот на гориво што ги користи тимот на Ред Бул се многу поквалитетни и попрецизни од тие на ФИА.

„Не би се жалеле ако не сме сигурни дека сме во право“-вели шефот на томот Хорнер, а подршката доаѓа и од повеќе стручњаци во Ф1 кои исто така тврдат дека тимот што располага со екстремен буџет од 400-500 милиони долари дефинитивно користи најпрецизни мерни инструменти.
Контра ова тврдење е тимот на конкурентот Мерцедес од каде што максимално ја поддржуваат одлуката на ФИА и велат дека нивните мерењата се идентични со тиа на автомобилската федерација.