Нормализиран сообраќајот на патниот правец Мавровска крстосница- Дебар

11.01.2021 09:32

Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, предивикани од врнежи од дожд кои ја имаат зафатено територијата на целата држава.

Сообраќајот на патниот правец од Мавровска крстосница до Дебар, кој беше во прекин од синоќа во 18.30 часот поради одрони и паднати дрва на патот, е нормализиран од претпладнево во 8.30 часот, информира АМСМ.

Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, предивикани од врнежи од дожд кои ја имаат зафатено територијата на целата држава.

ЈП „Македонија пат“ предупредува на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот, посочувајќи дека дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.