Битола

Откинат поголем дел од коритото на Драгор, избегната опасноста од загадување на водата за пиење

11.01.2021 09:44

Поради врнежите, откинат поголем дел од коритото на реката Драгор кај пумпната станица на битолското Јавно претпријатие „Бодовод“. Засега избегната опасноста од загадување на водата за пиење во Битола. Од кризниот штаб велат дека се забележани проблеми и во атарите на неколку села...

По обилните внржи ,силните води кои надојдоа од подпелистерието наместа во Општина Битола создадоја сериозни проблеми. Најалармантно е кај месноста Довлеџик, каде надојдените води одкинаа поголем дел од брегот на реката Драгор при што беше загрозена пумпната станица на ЈП Водовод, од каде со вода се снабдува Битола и три соседни општини. Од ова јавно претпријатие велат дека голема заштитна улуга одиграл потпорниот ѕид кој летово бил подигнатат.

Со водената стихија на терен се борат екипи речиси од сите јавни претпријатија. Директорот на ЈП „Водовод“, Горан Козаров, вели дека на терен ќе се работи сѐ додека не се санира откинатиот дел од коритото на Драгор и се процени дека нема опасност од нови излевања во близина на објектот, кој е од стратешко значење.

Од кризниот штаб соопштија дека проблеми се забележени и во атарите на некои села, а по дојави на граѓани, интервенирано било и во поплавени подрумски простори.

Стевче Митревски