Нормализирано снабдувањето со електрична енергија во Маврово- Ростуше, Дебар и Центар Жупа

11.01.2021 10:00

Откако жителите на реканскиот крај ноќта ја минаа без струја, изутрината- нормализирано снабдувањето со електрична енергија. Речиси 24 часа прекинот беше поради оштетување на далековод кај Маврово и уште еден дефект кај Глобочица...

Екипите на МЕПСО рано сабајлево го остранија дефектот, ЕВН започна да ја вклучува струјата во населените места во дел од Опшина Маврово- Ростуше, Дебар и Центар Жупа. Градоначалникот на Опшина Маврово- Ростуште истакна дека моментлано само три села немаат електрична енергија, но во текот на денот и таму се очекува да се стабилизира состојбата.

И патниот правец Дебар – Маврово е нормализиран и пуштен во употреба по вчерашното затворање на овој коловоз поради одрони на патот и паднати дрвја.

Мавровско- дебарскиот крај речиси секоја година поради ризичниот терен се соочува со прекини на струја и блокирани патишта. Синоќа над 12 илјади граѓани останаа во мрак, а на патниот правец Маврово- Дебар имаше стотици блокрани патници.

Зоран Димовски