Продолжува нестабилното и врнежливо време, зголемен водостојот на повеќе реки
Зголемен е водостојот на Треска, на Пчиња кај Катлановска бања и на Црна Река во Новаци, со можност од локални излевања на нејзините помали притоки и суводолици.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека продолжува нестабилното и врнежливо време. По обилниот дожд викендот, зголемен е водостојот на повеќето реки низ земјава, а кај дел од нив има и значително високи водостои.
Зголемен е водостојот на Треска, на Пчиња кај Катлановска бања и на Црна Река во Новаци, со можност од локални излевања на нејзините помали притоки и суводолици.
Константно е висок водостојот и на Радика, Сатеска и на останатите реки во западниот дел од земјата, каде останува опасноста од нивно излевање- посочуваат од УХМР.
Од 8:30 изутринава, нормализиран е сообраќајот на патниот правец, крак Маврово- Дебар.
