Регион

Албанија почнува со вакцинација против Ковид-19

11.01.2021 10:19

Владата во Тирана обезбеди 500.000 дози од вакцината која ја произведоа компаниите Фајзер и Бионтек.

Премиерот Еди Рама објави дека Албанија почнува со вакцинацијата  против Ковид-19. Повтори дека со почетокот на имунизацијата, во која најпрво ќе бидат опфатени здравствените работници, дел од вакцините ќе бидат донирани за лекарите на Инфективната клиника во Приштина.

Владата во Тирана обезбеди 500.000 дози од вакцината која ја произведоа компаниите Фајзер и Бионтек.

Рама на 1-ви јануари, врз основа на планот за вакцинација, изјави дека првите 10.750 дози од вакцината ќе пристигнат во Албанија во третата недела од месецов, а уште 30.250 дози во февруари.