СЗО влегува во Вухан

11.01.2021 11:49

Иако тоа требаше да се случи на почетокот на месецов, властите во Кина не го прифатија нивното доаѓање.

Тим на Светската здравствена организација на 14 јануари доаѓа во кинескиот град Вухан, за да го истражи потеклото на коронавирусот.

Иако тоа требаше да се случи на почетокот на месецов, властите во Кина не го прифатија нивното доаѓање.

Инаку, на денешен ден пред една година, во Вухан беше регистриран првиот смртен случај.