Молдавија и Македонија ќе ја зголемат економската соработка
17.03.2014 12:11
Стопанската комора на Македонија ќе информира за почнувањето поинтензивна соработка со Република Молдавија, како земја членка на ЦЕФТА...

Република Молдавија – можности за нови деловни партнерства и поголема економска соработка е темата на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.
Стопанската комора на Македонија ќе информира за почнувањето поинтензивна соработка со Република Молдавија, како земја членка на ЦЕФТА, со цел да се искористат потенцијалите и можностите кои ги нуди ЦЕФТА договорот, а кои според официјалните статистички податоци, минимално се користат, како и со цел потткинување нови деловни партнерства и стимулирање на извозот како основа за поголема економска соработка меѓу двете земји.
