Јанкулоска и Тодоров сведочеа за „27-ми април“
Во скопскиот кривичен продолжи судењето за собраниските настани од 27-ми април. Екс- министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска потенцираше дека одлука на органи на партијата поврзани со протестите не ѝ се познати.

Запрашана од одбраната на обвинетите што правела тој ден, рече дека била во својата канцеларија во партијата, а веднаш до неа се наоѓала и канцеларијата на Миле Јанакиески, со кого неколку пати во текот на денот јаделе и пиеле, разговарајќи на теми кои тогаш биле од интерес. Во партијата ништо не се случуваше невообичаено- сведочеше Јанкулоска.
Екс- министерот во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, пак, рече дека настаните на 27-ми април нанеле штета за сите, физички за СДСМ, а политички за ВМРО-ДПМНЕ. Тој за прв пат во јавноста откри дека имало и разговори за широка коалиција.
Во судница за денешното рочиште повикани се 17 сведоци. Гордана Јанкулоска беше спроведена од затворот „Идризово“, каде издржува казна затвор за набавката на мерцедесот.