ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за претседателските избори

17.03.2014 12:26

Со број еден на ливчето ќе биде Ѓорге Иванов, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а Илијаз Халими, номиниран од ДПА е на втората позиција. На третата позиција е Стево Пендароски, предложен од СДСМ, а како четврти на избирачкото ливче ќе биде Зоран Поповски од ГРОМ...

Државната изборна комисија со ждрепка  го утврди редоследот на гласачкото ливче за претседателските избори.

Со број еден на ливчето ќе биде Ѓорге Иванов, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а Илијаз Халими, номиниран од ДПА е на втората позиција. На третата позиција е Стево Пендароски, предложен од СДСМ, а како четврти на избирачкото ливче ќе биде Зоран Поповски од ГРОМ.

По увидот во единствениот избирачки список, политичките партии евентуалните забелешки, треба да ги достават до највисокото изборно тело.