Кој ќе му се спротивстави на Груевски?
Премиерот Никола Груевски традиционално изборната трка ја води во „централната“ -прва изборна единица. Во ВМРО-ДПМНЕ нема дилема дека партискиот претседател ќе остане на традицијата и на овие парламентарни избори и ќе ја води листата со 20 кандидати за пратении на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија токму во главниот град.

Од останатите партии само Беким Фазлиу од ДПА е сигурен противник на премиерот во трката за повеќе столчиња во македонското Собрание, откако неговата партија вчера ги комплетираше изборните листи. Сепак, за партиите со албански етники предзнак, главната битка се води во шестата изборна единица, а токму таму, Тачи потврди дека ќе биде носител на листата, а противкандидат најверојатно ќе му биде ривалот од ДУИ, Али Ахмети.
Она што останува непознато е како СДСМ ќе ги распореди своите адути. Се поизвесно станува дека во изборната трка во „кецот“ ќе влезе Радмила Шеќеринска, политичар кој до сега има претрпено најмногу порази во директното соочување со Груевски. Таа ги загуби изборите во 2011 и во 2008 година во директен дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.