Значењето на лебот низ цивилизациите
Нема човек што е имун на мирис на испечен леб. Се јаде со сласт на сите меридијани во сите форми. Секоја земја има своја верзија на леб. Лебот се споменува во најстарите записи, во секоја религија, во молитвите, во советите за здравје, во рецептите за храна.

Претходницата на денешниот леб настатанала кога луѓето почнале да формираат населби. А пред тоа луѓето ги џвакале зрната на житарките , ги киснеле во вода за да им бидат помеки и така после се родила и идејата за дробење на зрната на пченицата.
Првиот леб настанал случајно, Една од многуте легенди вели дека околу 2600 г пред нашата ера еден египетски роб покрај оган правел колачиња од брашно и вода. Го фатил сон, а колачињата останале да стојат на топло откако оганот се изгаснал. Веќе претпоставувате, тестото нараснало , а печените колачи биле повкусни и помеки од претходните тврди и тенки. Во друга пак се вели дека тестото случајно било прелиено со ферментиран пијалок и мед па така несакајќи стасало. Археолошките наоди во Египет покажуваат дека еѓипќаните навистина го познавале процесот на печење на лебот. Грчките морнари и трговци во 13 век од Египет донеле убаво брашно и така производството на леб почнало да се шири низ Европа. Воденичарите биле меѓу најценетите занаети во 13 век. Во 1800 година е измислена мелницата и тогаш почнало да се употребува бело префинето брашно кое што било многу скапо. Во Битанскиот музеј во Лондон се наоѓа примерок од леб стар 4000 години кој е пронајден до мумија од фараон. Тогаш фараоните погребувале со леб за да ги храни и на оној свет.
Лебот како основена храна или неговата дефицитарност предизвикала и пропаѓање на цивилизации и предизвикувала на револуции. Во религиозни цели во христијанството, лебот се смета за тело –Христово. Во ископините од римското царство кај Везув се покажува пасијата на римјаните за лебот, откриени се цели улици со пекари, мелници, и јагленосани векни лебови во разни облици. Откако е пренесен од Вавилон и Асирија во Европа на лебот му се придава голем значај дури претставува животна метафора За тоа сведочат поговорките ,,Добар како леб,,, да се заработи леб, ,, преку леб погача,, итн. Кон лебот се пристапувало и се уште се пристапува со голема почит, зашто се врзува за опстојувањето на една единка. Затоа и кога лепче ќе падне на земја се бакнува, и се смета дека е грев да се фрли или згазне лебот наш насушен...Сите народи покажуваат почит кон лебот. Англичаните хранителот на семејството или домаќинот го нарекуваат Бред Винер, А Германците имат поговорка со леб и вода може да се пребродат сите неволји. Секој народ има свој вид на леб-ние погача, Французите имаат багет, Германците пумперникел, грците пита, британците скни, индијците чапати, мексиканците тортиљи, турците сомуни и т.н. Низ лебот се рефлектира културата, традицијата и историјата на секој народ. Пекарите одиграле многу важна улога во социјалниот живот. Во многу земји лебот е традиција неколку милениуми и симбол за егзистенција. Рускиот природонаучник Тимирјазев рекол: ,,Парче добро испечен леб претставува еден од најголемите пронајдоци на човечкиот ум“.
Соња Стојановска
