Средба Бучковски- Захариева, Бугарија предложила акциски план за соработка со Македонија

11.01.2021 19:33

Бугарското МНР очекува овој документ да биде потпишан на престојниот состанок на заедничката меѓувладина комисија, согласно член 12 од договорот...

Бучковски на средба со бугарскиот државрн врв. Захариева му предложила акциски план за соработка со Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Бугарското МНР очекува овој документ да биде потпишан на престојниот состанок на заедничката меѓувладина комисија, согласно член 12 од договорот.

Вицепремиерот Каракачанов пред средбата со Бучковски со изјава „Бугарија има јасен став за Република Северна Македонија и крајно време е во Скопје да почнат со читање на одлуките на бугарскиот парламент“.

Од македонското МНР соопштија дека остануваат на позицијата дека треба да се искористат сите можности за изнаоѓање соодветно, взаемно решение за билатералните разлики по различни прашања со соседна Бугарија, и за враќање на довербата во ефикасноста и успешноста на Договорот за пријателство од 2017 година.