Реките пред излевање, врнежите не престануваат
Од утре снег и ниски температури, зголемен водостој на повеќе реки низ земјава. Интензивно се полнат вештачките акумулации...

Од утре снег и ниски температури зголемен водостој на повеќе реки низ земјава. Интензивно се полнат вештачките акумулации. УХМР соопшти дека сите водостои се со надпросечни вредности и се очекува и натаму да бидат во покачување.
Како најкритични вчера беа посочени реките Вардар во горниот тек, Треска, Лепенец, Пчиња, Крива, Црна, Радика, Сатеска и нивните притоки.
Локални излевања имаше на Вардар кај Скопје, Рашче и на некои други места, на Крива Река и Пчиња, во кумановскиот регион.
Во охридскиот и битолскиот регион поради заситеност на почвата со влага има и појава на заезерување во одредени рамници и делови на Пелагонија.
