Владата денеска ќе ја одржи 38-та седница

12.01.2021 10:56

На предлог на Министерството за здравство Владата денеска ќе ја разгледа Предлог - Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2021 година.

Владата преку видео- конференциска врска, денеска ќе ја одржи редовната 38-ма седница. На оваа седница на разгледување и усвојување ќе биде ставена Предлог-програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2021 година.

На предлог на Министерството за здравство Владата денеска ќе ја разгледа Предлог - Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2021 година.

Министерство за труд и социјална политика за дневниот ред на оваа седница ги предложи Предлог-програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2021 година, како и  Предлог-програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2021 година.

На денешната седница на Владата е и точката Предлог-годишна програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2021 година, како и  Бизнис планот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија - Скопје за 2021 година со Инвестициона програма.

Владата денеска ќе расправа и по Предлог-програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година и за Програмата за работа на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година со финансиски план.