Вонредна состојба во делови од Србија поради поплави
12.01.2021 10:27
Ниш и Лесковац се меѓу најкритичните градови.

Вонредна состојба во неколку општини во Србија поради поројните дождови. Ниш и Лесковац се меѓу најкритичните градови.
Десетици лица се евакуирани од поплавени објекти. Надлежните служби и спасувачки екипи се на терен. Покрај заштитата на населението, работат и на првична санација на штетите од поплавите.
