Турција и Грција месецов продолжуваат со преговорите
12.01.2021 11:00
Плановите за разговор пропаднаа поради несогласувањата околу турскиот истржаувачки брод...

На 25 јануари во Истанбул, Турција и Грција ќе ги проодлжат преговорите за Источен Медитеран. Претходните обиди беа неуспешни поради несогласувањата околу истражувачката мисија на турскиот брод во спорните води.
„На средбата ќе се разговара и за други прашања“, додаваат од турското МНР.
Двете членки на НАТО спорат околу границата на своите континентални плочи, правата за енергетски извори, воздушниот простор и статусот на неколку острови.
