Од 14-ти јануари Србија го укинува задолжителниот ПЦР тест за македонските граѓани

12.01.2021 11:49

Од четврток, 14-ти јануари, Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во земјата за македонските граѓани, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји.

Од четврток, 14-ти јануари, Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во земјата за македонските граѓани, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји. Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ оваа информација денеска му ја соопштила на премиерот Заев во телефонски разговор, соопштуваат од Владата.

За време на разговорот, со честитките за успешна 2021-ва година, биле изразени и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година, информираат од Владата.