Развојна банка: Од третата бескаматна кредитна линија досега одобрени 5,9 милиони евра на 506 компании

12.01.2021 12:13

Развојната банка соопшти дека од третата бескаматна кредитна линија досега се одобрени 5,9 милиони евра кредитни барања на 506 компании со 3.552 вработени.

Развојната банка соопшти дека од третата бескаматна кредитна линија досега се одобрени 5,9 милиони евра кредитни барања на 506 компании со 3.552 вработени.

Од нив 275 кредитни барања се од мали компании, 222 се од микро компании и 9 барања за кредит се од трговци поединци. 37% од кредитните барања се на фирми од скопскиот регион, 17% од полошкиот, а 14 се од југоисточниот. 7 до 8 насто барања се од југозападниот, источниот и пелагонискиот регион, а само 5% се од вардарскиот, односно североисточниот регион.

Станува збор за прва група на одобрени барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, што се реализира со финансиска поддршка од ЕУ, соопшти Развојната банка.