Грција преговараше 14 часа, ќе постигне ли договор со „тројката“?
Преговорите меѓу грчката Влада и претставниците на тројката меѓународни кредитори завршија утрово во пет часот, после 14 часа разговори. Висок претставник на Министерство за финансии соопшти дека грчката страна се обидува да ги заврши преговорите до вечерва.
Нова рунда состаноци ќе се одржи попладнево во Министерството за финансии, додека претставниците на „тројката“ треба да заминат од Атина утре вечер. Според истиот извор, двете страни се „многу блиску да постигнат договор по сите прашања“, но не можел со сигурност да потврди дека ќе има договор.

„Камен на сопнување“ во преговорите се прашањето за масовни отпуштања за кое претставници на Министерство за труд соопштија дека се уште нема договор, „има различен пристап и грчката страна стои на својот став“.
Според Министерството за административна реформа, „тројката“ инсистира на отпуштања на државни службеници во 2015 година, но Владата не прифаќа. Во врска со Министерството за развој, „тројката“ инсистира на спроведување на 100 проценти од препораките на ОЕЦД.
Процедурите на европско ниво ќе почнат кога ќе се завршат преговорите и кога ќе се постигне договор на техничко ниво , соопшти Министерството за финансии, и следната транша може да биде одобрена на неофицијалниот состанок на Еврогрупата во Атина на 1 и 2 април.