Регион

Вонредна состојба во јужна Србија поради поплавите

12.01.2021 15:12

Реките се повлекуваат, ситуацијата полека се стабилизира по поплавите во Јужна Србија поради кои е прогласена вонредна состојба во одредени делови. Над 10 илјади семејства останаа без струја, евакуирано е и население...

Поради обилните количини дожд и снег во јужна Србија, во општините Ниш, Лесковац, Дољевац, Бојник, Власотинце, Владичин Хан и Гадџин Хан прогласена е вонредна состојба.

Кризните штабови во Ниш, Пирот, Димитровград и Врање донесоа итни мерки за санација и превенција, кои се преземаат во координација со Секторот за вонредни состојби и локалните самоуправи, а околу 10.680 домаќинства останаа без струја.

Припадниците на Секторот за вонредни ситуации евакуираа 34 лица од објектите кои беа поплавени  на југот на Србија - 22 лица од Дољевац, двајца од Лесковац, шест од Бојник и четири лица од Бујановац, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

„Јас за своите 43 години не се сеќавам на вакво нешто. Незнам. Водата наеднаш од сите страни почна да доаѓа и неможевме ништо. Не е лесно.“

„Водата не можеше да се запре. Во подрумот се полави целата зимница. Во куќата, намештајот и се друго е упропрастено. Живината, кококошките сите се удавија.Сега сме во Домот за култура, таму спиеме.“

Од Секторот за вонредни ситуации изјавија дека состојбата со поплавите на југот на Србија денес се нормализира. Реките полека се повлекуваат во нивните водотеци и засега не се заканува никаде да биде критична.

Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ