Македонците од Требиште добија асфалтиран пат
Заврши реконструирањето на автопатот од граничниот премин Џепиште-Требиште до центарот на с.Требиште во должина од 4 км. Жителите од општина Требиште се задоволни од асфалтирањето на овој пат, бидејќи како што велат им се подобруваат условите за животобјави весникот на нашинците во Албанија ,,Македониум,,
Заврши реконструирањето на автопатот од граничниот премин Џепиште-Требиште до центарот на с.Требиште во должина од 4 км. Жителите од општина Требиште се задоволни од асфалтирањето на овој пат, бидејќи како што велат им се подобруваат условите за животобјави весникот на нашинците во Албанија ,,Македониум,,
„Реконструкцијата на овој пат е од голем интерес за нас, бидејќи поради лошата економска состојба и лошата инфраструктура, одиме на пазар, по работа, трговија и лекување во Дебар, додека најблизок град на албанска страна ни е Пешкопеја, оддалечен 80 километри и дотаму нема асфалтиран пат“, велат за весникот Македониум Македоците од Требиште.
Претходно, фирмата добитник на тендерот за асфалтирање на патот, граничен премин Џепиште-Требиште – центар на село Требиште, наиде на проблеми поради лошата состојба на патната инфраструктура во областа Голо Брдо и не асфалтираните патишта, кои не дозволуваа транспорт на градежни машини, опрема и товарни возила со градежен материјал неопходен за реконструкција и асфалтирање на патот. Единствен излез од ова ситуација беше градежните машини и товарните возила преку Ќафасан да влезат на македонска територија и преку граничниот премин Џепиште - Требиште повторно да влезат на албанска територија за да го реализираа тендерот.
За да им помогне на Македонците во Голо Брдо а по барање на Генералниот директорат на царини на Република Албанија до македонската Царина, Владата на Република Македонија во октомври лани донесе одлука за привременa промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште.
Царинската управа на Република Македонија ги презеде сите неопходни мерки за спроведување на царински надзор и контрола на Граничниот премин Џепиште-Требиште на машините, опремата, товарните возила и градежниот материјал неопходни за изградба на патот, сѐ додека траат градежните активности.
Инаку, граничниот премин, Џепиште-Требиште пуштен е во употреба во мај 2013 година, и е наменет за локален граничен сообраќај за луѓе и возила.
Во последните 20 години малку е инвестирано во регионот на Голо Брдо, патната инфраструктура е во многу лоша состојба, се уште нема асфалтирани патишта во внатрешноста на Голо Брдо која опфаќа три општини, Острени, Требиште и Стеблево населени претежно со македонско население.
