Блокирано отповикувањето на Трамп
Спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, му ја остави можноста на Пенс пред самата да го активира барањето за нов процес за импичмент на Трамп во Конгресот, сметајќи го за одговорен за насилните протести во Вашингтон и за упадот во Капитол Хил.

Републикански конгресмени ја блокираа резолуцијата во Претставничкиот дом со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс да се повика на 25-от амандман и да побара разрешување на претседателот Доналд Трамп.
Спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, му ја остави можноста на Пенс пред самата да го активира барањето за нов процес за импичмент на Трамп во Конгресот, сметајќи го за одговорен за насилните протести во Вашингтон и за упадот во Капитол Хил.
Гласањето за импичмент на Трамп поради поттикнување бунт е закажано за денеска, но малку е веројатно дека процесот би можел да заврши до 20 јануари, кога новиот претседател Џо Бајден треба да даде свечена заклетва и да ја преземе функцијата.
Пенс претходно ја одби иницијативата.
