Ковид-19
Во САД само со негативен ПЦР тест
13.01.2021 11:20
Директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, Марк Редфилд, се очекува да потпише указ за кој ќе биде потребен негативен тест за влез во САД за скоро сите меѓународни патници...

Патниците на летовите кон САД ќе мораат да приложат негативен тест на ковид-19.
Директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, Марк Редфилд, се очекува да потпише указ за кој ќе биде потребен негативен тест за влез во САД за скоро сите меѓународни патници, не само за Британците, како досега.
Новите правила стапуваат на сила две недели откако Редфилд ќе ја потпише уредбата.
