Африка обезбедува 300 милиони дози од вакцините
13.01.2021 12:20
Се очекува вестите да ги соопшти актуелниот претседател на Африканската унија.

Африканската унија обезбеди речиси 300 милиони вакцини против Ковид-19, изјави виш научен советник на Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Се очекува вестите да ги соопшти актуелниот претседател на Африканската унија.
Веста доаѓа во време кога инфекцијата со коронавирусот повторно се појавува во делови на Африка, особено во Јужна Африка, каде што се појави нов вид, што брзо се шири и претставува поголем дел од новите случаи на инфекција.
