Обилните дождови направија штети и во велешко

13.01.2021 14:45

Обилните дождови во последните три дена предизвикаа штети и во велешкиот регион. Покрај Реката Вардар, надојдоа и водите на Бабуна и Тополка. Патиштата во населбата Речани се каливи и непроодни. Од Центарот за управувње со кризи апелираат да се почитуваат препораките од надлежните. Смируваат дека нивото на реките деновиве ќе опаѓа...

Кал, вирови и непроодни патишта. Ваква е состојбата по обилните дождови во населба Речани. Среќа што Вардар не се излеа, па под вода не се најдоа  нивите на земјоделците. Состојбата во центарот на Велес е полоша, и тоа на просторот којшто неодамна Општината го оспособи како времен паркинг. 

Од ЦУК Велат дека нивото на Вардар ќе опаѓa, воедно апелираа до граѓаните за претпазливост.

По секој обилен дожд и велешките улици се поплавени, граѓаните реагираат и на немањето на соодветна атмосферска канализиаијца во градот.

Освен во Велес, во последните три дена обилните дождови направија штети и во околните села. Покрај надојдените води на реката Вардар, зголемено е нивото на реките Тополка  и Бабуна.

Памела Цилаков