Воспаление на грлото

17.03.2014 12:44

Се карактеризира со болка, гребење и иритација на грлото, кои се влошуваат при актот на голтање.Причините може да бидат :вирусни инфекции (грип,монононуклеоза или болест на бакнежот која предизвикува постојано воспаление на грлото и други вирусни инфекции како мали сипаници, заушки, херпангина),бактериски (проследена со кашлање,дифтерија – сериозно респираторно заболување кое е позастапено во индустриски неразвиените земји или поретко сексуално преносливи болести како кламидија или гонореја), и други причини  (алергија,чад,алкохол,цигари,зачинета храна,сув воздух).Како да си помогнете?Квали

Се карактеризира со болка, гребење и иритација на грлото, кои се влошуваат при актот на голтање.Причините може да бидат :вирусни инфекции (грип,монононуклеоза или болест на бакнежот која предизвикува постојано воспаление на грлото и други вирусни инфекции како мали сипаници, заушки, херпангина),бактериски (проследена со кашлање,дифтерија – сериозно респираторно заболување кое е позастапено во индустриски неразвиените земји или поретко сексуално преносливи болести како кламидија или гонореја), и други причини  (алергија,чад,алкохол,цигари,зачинета храна,сув воздух).Како да си помогнете?Квалитетниот   сон , штедењето на гласните жици ќе ви овозможат побрзо да закрепнете. На секој час правете гаргара барем еднаш. Растворот можете да го приготвите на повеќе начини: лажичка (5g) сол растворена во 250ml топла  вода .1 лажичка (5g) сода бикарбона во 250ml топла вода.Една лажичка сол, една лажица  лимон една лажица мед, една лажица јаболков оцет и 250ml топол чај од жалфија.Доколку имате назална секреција, гаргарата правете ја почесто со цел да спречите понатамошна иритација на грлото.Неопходно е да консумирате колку што е можно повеќе течности со цел да спречите   дехидратација да го одржувате грлото влажно.Не земајте антибиотици на своја рака. Воспалението на грлото најчесто е предизвикано од вирусни инфекции, а во тие случаи антибиотиците не помагаат. Лекувањето со антибиотици треба да започне само по консултација со доктор.