Шахпаска очекува наскоро да биде донесен новиот Закон за семејно насилство

13.01.2021 17:10

Министерката Јагода Шахпаска очекува за скоро да биде донесен новиот Закон за семејно насилство. Задоволна е што ист слух за ова зло на денешницата имаат и пратениците од позицијата и опозицијата. Според првите неофицијални податоци, за време на пандемијата семејното насилство низ различните форми е зголемено за осум до десет проценти...

Според првите неофицијални податоци на Министерството за труд и социјална политика, за време на пандемијата семејното насилство е зголемено за осум до десет проценти, иако не сите жртви го пријавуваат насилството. Сѐ уште имаме средини каде родовите стереотипи, стигматизацијата семејните традиции влијаат на свеста ово зло навремено да биде благовремено пријавено, но ресорната министерка очекува  многу работи за скоро да бидат надминати со новиот закон, кој веќе е во собраниска процедура и како што вели ист став имаат и пратениците од власта и опозицијата.

Уште поаларманти се податоците од невладиниот сектор. Според нив, за истиов период семејното насилство бележи пораст за 17 проценти и впечаток е дека пандемијата како да ги засени сите останати поблеми со кои се соочуваат жените. Во таа насока, свој придонес дава и апликацијата „Биди безбедна“.

Важно е што новиот закон ги препознава сиди видови на насилство и што ќе води чекор напред кон подигање на свеста на жртвите како и достојна имплементација на ратификуваната Истанбуска конвенција.

Стевче Митревски