Османи во Атина на средби со Сакеларопулу, Мицотакис, Дендијас и Варвициотис

14.01.2021 10:13

Министерот за надворешни работи Oсмани е во Aтинa. Ќе има средби со шефот на дипломатијата Никос Дендијас, а ќе се сретне и со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, премиерот Кирајкос Мицотакис и алтернативниот министер за надворешни работи, надлежен за европски прашања Милтиадис Варвициотис...

Министерот за надворешни работи Oсмани е во Aтинa. Ќе има средби со шефот на дипломатијата Никос Дендијас, а ќе се сретне и со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, премиерот Кирајкос Мицотакис и алтернативниот министер за надворешни работи, надлежен за европски прашања Милтиадис Варвициотис.

Ќе разговараат за теми поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог во различни области, како и акцискиот план за соработка и имплементацијата на Договорот за стратешко партнерство.

Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека фокусот на разговорите ќе биде на прашањата поврзани со билатералните политички и економски односи, вклучително и соработката за справување со последиците од пандемијата.