Тимот на СЗО пристигна во Кина

14.01.2021 10:54

Се истражува потеклото на вирусот кој усмри 1,9 милиони луѓе...

Тимот на Светската здравствена организација пристигна во кинескиот град Вухан кој се смета за изворот на новиот коронавирус. Посетата е во рамките на истрагата за потеклото на ковид-19 која се интензивира поради шпекулациите за односот на Пекинг кон развојот на епидемијата во почетните фази.

Научниците тврдат дека вирусот кој усмрти 1,9 милиони луѓе бил пренесен од лилјак или друго животно во југозападниот дел на Кина. Владејачката Комунистичка партија на Кина тврди дека заразата била донесена однадвор.

Десетчлениот тим е во карантин и ќе соработува со кинеските експерти преку видеоконференции.