ИРАН
Воени вежби во Оманскиот Залив
14.01.2021 11:08
Зачестени воени активности во период на зголемени тензии...

Морнарицата на Иран на дводневни вежби во Оманскиот Залив на кои ги претстави своето најголема пловило. Маневрите се одржуваат во период на зголемени тензии поради нуклеарната програма на Техеран и притисокот од кампањата на САД против Исламска држава.
Воените активности зачестија во последните неколку недели. Минатиот викенд, Револуционерната гарда одржа парада во Персискиот Залив, а една недела пред тоа беа изведени маневри со дрон.
Завчера американскиот државен секретар Мајк Помпео го обвини Иран за тајни односи со милитантната мрежа на Ал Каеда и воведе нови санкции за повисоки функциионери.
