Филипче: Имунизација од февруари, вакцините се безбедни

14.01.2021 13:11

Епидемиолошката состојба е подобрена, бројот на заразени е намален, имунизацијата ќе почне во февруари, велат здравствените власти. Вакцините се преку системот Ковакс, се очекуваат и донации преку механизмот на солидарност од Европската комисија, вели министерот Филипче...

Епидемиолошката состојба е подобрена, бројот на заразени е намален, имунизацијата ќе почне во февруари, велат здравствените власти. Вакцините се преку системот Ковакс, се очекуваат и донации преку механизмот на солидарност од Европската комисија, вели министерот Филипче.

„Можно е некои од земјите со кои разговараме, а тоа се Австрија, Бугарија, Полска и Грција најконкретно да одделат некоја количина од своите, но јасно ни укажуваат на тоа дека главен проблем и зошто тоа досега не беше направено, како еден најавен механизам од страна на Европската комисија на солидарност не само со нашата земја, туку и со другите држави што не се членки на ЕУ, е во количината што ја добиле. Значи, значајно помала, некаде десетина од планираната за нивните земји“, посочи Филипче, одговарајќи за новинарски прашања по промопредавањето на донацијата од СЗО на Институтот за судска медицина.

Министерот за здравство најави- од 21-ри јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот.