Ефикасен одговор на првите пообилни снежни врнежи на битолската подружница на „Македонија пат“
Со излегување на терен на сите 37 камиони, битолската подружница на „Македонија пат“ максимално ефикасно одговори на првите пообилни врнежи од снег на повисоките планински патни правци. Од подружницата велат дека се набавени сите потребни репроматеијали, а се очекува да пристигнат и четирите нови камиони кои главно ќе бидат наменети за најопасните планински превои...

Битолската подружница на „Македонија пат“ навремено и ефикасно одговори на првите пообилни врнежи од снег. 37-те камиони за чистење веднаш беа упатени на планинските превои и останатите повисоки патни правци. Меѓу нив и најсвежо вработениот возач, Томче Димчевски, кој го направи и првото зимско сефте.
Стартот успешен, но предизвикот сериозен на најголемата подружница, ако се има в предвид најавата за нови врнежи, обемноста на работниот налог и конфигуацијата на патната инфраструктура.
Ако до лани често беа критикувани, годинава оптимизмот забележлив. Велат, секој момент се очекуваат четирите нови тешки возила, а во летниот период возниот парк беше навремено сервисиран.
Речиси на сите планински превои има дежурни екипи, а абразивниот материјал редовно ќе се доставува.
Раководителот на битолската подружница, Васко Наумовски, вели дека во моментов сите патни правци за секоков вид на возила се проодни, но апелира за внимателно возење, посебно во вечерните и утринските часови кога коловозот може и да подмрзне.
Стевче Митревски
