Тавила: Ковакс вакцините наскоро ќе пристигнат
Ковакс вакцините многу скоро ќе пристигнат во земјава, а први ќе се вакцинираат здравствените работници, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести и на Владата, изјави шефицата на Канцеларија на СЗО во Скопје, Џихан Тавила.

Вакцините треба да пристигнат. Потребни се многу подготовки кои треба да се случат Имаме работа со позната методологија, која е безбедна и ефективна. Вакцината прво ќе ја примат приоритетните групи. Согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во земјава и на Владата тоа ќе бидат здравствените работници, што е случај и со сите други земји во светот. Треба да разберете дека е почнато со заштитата. Ќе биде потребно време за таа да биде доволна за сите. Но, можам да ве уверам дека Владата и земјата прават се за да бидат заштитени сите во земјава, изјави Тавила.
Таа појасна дека ситуацијата околу вакцинацијата е различна во секоја земја.
Оваа вакцина се користи за итна вакцинација, а не како другите регуларни вакцини кои доаѓаат на пазарот. Тоа значи дека е потребно многу внимателно следење и проучување од страна на Владата, за да се обезбеди дека се применува вистинската вакцина, појасни претставничката на СЗО во земјава.