Светскиот ден на крводарителите одбележан во Струга, 1745 дарувања
17.03.2014 13:09
По повод 17ти Март светскиот ден на крводарителството, општинската организација на црвениот крст од Струга ја организираше традиционалната свеченост посветена на струшките крводарители. Од таму велат дека од година во година расте хуманоста кај стружани кои минатата година имаа рекордни 1745 дарувања.
Значајно е да се напомене дека според податоците на црвениот крст од Струга се поголем е бројот на крводарители кај младата популација.

Поради ваквите состојби Црвениот крст од Струга го зголеми бројот на крводарителните акции. Во знак на благодарност на струшките крводарители им беа доделени благодарници и признанија. Благодарница за соработка добија и новинарите Николина Велкоска од охридското Супер радио и Јованчо Наумоски од националната МРТВ.
Новинар: Јованчо Наумоски